(ВИДЕО) Момче (8) починало 3 пати, сите го отпишале, а кога се разбудил од кома, имал морничава порака за мајка си…

Приказната на Лендон Вајтли го шокираше целиот свет
Страшната сообраќајна несреќа што се случила во 1997. година ги одбележала животите на членовите на семејството Вајтли.
Била недела наутро, а Џули и Енди Вајтли се враќале од црква со нивниот осумгодишен син Лендон кога на раскрсницата ги удрило амбулантно возило.
Ударот бил толку силен што возачката страна била целосно уништена. Енди, кој возел, починал на местото на настанот.
Тогаш пожарникарите од автомобилот ја извлекле Џули која се наоѓала на совозачкото седиште и се здобила со полесни повреди.
Бидејќи автомобилот бил „стуткан“, луѓето не ни знаеле дека во возилото е и Лендон. Дури кога забележале детска патика, сфатиле дека има трет патник.
Кога конечно бил извлечен од уништениот автомобил, Лендон не давал знаци на живот. Лекарите успеале накратко да го оживеат, но срцето му застанало уште два пати пред да стигне во болница и едвај го реанимирале.
Лендон бил во кома неколку недели, а лекарите и рекле на несреќната Џули дека шансите да преживее се минимални и дека доколку тоа се случи момчето ќе биде неподвижно и со неповратно оштетување на мозокот.
Сепак, спротивно на сите очекувања, Лендон се разбудил од кома без знаци на оштетување на мозокот.
Неговата мајка била вон себе од среќа, а потоа се обидела внимателно да го извести синот дека татко му загинал во несреќа.
– Го прашав: „Знаеш ли каде е татко ти?“, а тој ме шокираше со одговорот: „Да, знам, го видов на небото“ – рекла Џули, која потоа доживеала уште поголем шок.
Погледнете го интервјуто со Џули Вајтли:


– Во еден момент се наведна кон мене и ми рече: „Ех, да мамо, заборавив да ти кажам, ги видов и твоите други две деца „таму горе“! Бев зачудена бидејќи тој не можеше да знае дека пред да го родам, имав два спонтани абортуси. Јас и Енди никогаш не му го кажавме тоа – рекла Џули.
Кога по трет пат се „вратил“ од другиот свет, Лендон тврдел дека го сретнал Исус Христос.
– Исус ми рече дека морам да се вратам на земјата, да бидам добар христијанин и да им раскажувам на другите за него – рекол Лендон.
Сега е возрасен човек, живее нормален живот. Тој има 23. метални плочи во главата, коската од задниот дел на черепот е искористена за реконструкција на носот и минимално гледа во левото око…
А Џули напишала книга за чудото што го вратило нејзиниот син од мртвите…

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Јелена Ѓоковиќ споделила фотографија од Дијана и Новак: Оставила краток и јасен коментар за својата свекрва!

Новак Ѓоковиќ вчера постигна голем спортски успех Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои десеттата …