Истражувањата покажаа дека емоциите и тоа како влијаат на здравјето
Обично зборуваме за влијанието на стресот врз здравјето, но малку е познато дека сите емоции – дури и позитивни – можат да влијаат на состојбата на телото.
Во традиционалната кинеска медицина постои теорија дека секој орган во човечкото тело е под влијание на одредени емоции, а научните истражувања покажаа дека таа не постои без причина.
Како што се испоставило, иако емоциите се менуваат и наизменично се сменуваат, тие оставаат последици на некои од виталните органи на телото.
Црн дроб
Функциите на овој орган се многубројни, а најзначајна е метаболичката и хемодинамската улога, а влијае и на коагулација, детоксикација, формирање на жолчката итн.
Што влијае на неа? Лутина, раздразливост, фрустрација, огорченост.
Бели дробови
Белите дробови се еден од виталните органи и се користат за внесување на кислород и исфрлање на јаглерод диоксид од телото.
Што влијае на нив? Тага, жал, осаменост.
Слезина
Овој орган е важен дел од имунолошкиот систем и делува како филтер за крв и ги отстранува старите крвни зрнца и нечистотии од телото.
Што влијае на неа? Секоја претерана ментална „работа“, како што е грижа, опсесивно размислување за истата тема или жалење.