Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра во рамките на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“

Проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ спроведуван од страна на ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, влезе во второто тромесечје од својата имплементација.

This image has an empty alt attribute; its file name is monitoring.jpg


Во текот на првите три месеци (мај, јуни и јули) откако започна проектот, извршен е мониторинг на состојбата на вкупно 253 православни сакрални објекти (цркви и манастири) во осумте епархии на МПЦ-ОА кои се наоѓаат на територијата на државава. Односно, во Скопската и во Повардарската епархија, извршен е увид на вкупно 48 православни добра, во Дебарско-Кичевската епрахија на 71, во Преспанско – Пелагониската епархија извршен е увид на 46 православни објекти, во Тетовско – Гостиварската и во Кумановско – Осоговската епархија на 50, а во Струмичката и во Брегалничката епархија извршен е увид на состојбата на 38 православни објекти.

This image has an empty alt attribute; its file name is monitoring-2.jpg


Мониторингот на состојбата, спроведуван од страна на пет стручни тимови од ИКОМОС Македонија, се одвива континуирано и непречено во текот на летните месеци, благодарение и на срдечната соработка со надлежните лица од епархиите на МПЦ – ОА и со локалното население во посетените општини.

This image has an empty alt attribute; its file name is monitoring-3.jpg


Во рамките на овој двогодишен проект, предвидено е да биде направин увид на состојбата на вкупно 700 православни сакрални објекти, кој ќе послужи за изработка на специјализирана база на податоци која ќе биде достапна за јавноста, и за давање препораки за превентивни и заштитни конзерваторски интервенции за невижното православно културно наследство.

This image has an empty alt attribute; its file name is monitoring-4.jpg

Специјализираната база на податоци ќе биде достапна онлајн и ќе содржи информации во однос на опфатените православни објекти како: основни податоци за црквата/манастирот, опис, состојба, претходни интервенции на доброто, зачуваност на изворната состојба/автентичност и интегритет и препораки за заштитни интервенции, кои ќе му користат на секој познавач или љубител на православното културно наследство. Истата планирано е да биде ставена во употреба на есен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е спомен на Светиот апостол и евангелист Матеј: Честит именден!

Светиот апостол Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки …