(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, оставила емотивно проштално писмо посветено на нејзините деца, чија содржина сега и е позната на јавноста.

View this post on Instagram

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

loading...

Некои од нејзините животни лекции, водителката на подкастот на Би-Би-Си ги снимила во својата книга „How To Live When You Could Be Dead“ (Како да живееш кога би можел да бидеш мртов), која треба да биде објавена на 18. август. Сега е познат пасусот што им го посветила на своите деца, 14-годишниот Хуго и 12-годишната Елоиз.
Меѓу другото, Џејмс истакнала дека „најтешката лекција од сите“ е да научиме да правиме рамнотежа „да живееме во сегашноста и да бидеме свесни за нашите планови за иднината“.
Кажувајќи им „бидете храбри, ризикувајте и бидете свои обожаватели број еден“, таа им порачала на своите деца да најдат среќа во малите нешта.
„Секој ден правете ги работите што ве прават среќни – преточете ги во вашиот живот и никогаш не ги критикувајте другите за работите што ги прават среќни“, им рекла таа.


View this post on Instagram

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)


Џејмс ги поттикнала синот и ќерката да купат куче, велејќи дека нејзиниот миленик и го подобрил животот.
Водителката, на која и беше дијагностициран рак шест години пред смртта, размислувала и за бракот со сопругот Себастиен Бовен, кого го опишала како „љубовта на нејзиниот живот“. Водена од сопствените чувства, таа им порачала на своите деца „да се венчаат само од љубов“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крај на една бајка – Жизел Бундхен и Том Брејди се разведуваат: „Тој треба да си ја следи среќата“

Како што потврдиле извори за Page Six, Жизел Бундхен и Том Брејди не успеале да …