(ФОТО) ОМИЛЕНАТА ТУРСКА АКТЕРКА ИМАЛА 15. ГОДИНИ КОГА ТАТКО И ЈА СИЛУВАЛ: Проговорила за се само за да ја заштити својата помлада сестра!

Турската актерка Мелиса Донгел била силувана од нејзиниот татко кога била тинејџерка, а потоа во болна исповед ги открила деталите од грозоморното злоставување.
Младата турска актерка Мелиса Донгел (23), која се прослави со сериите како „Тропни ми на врата“, „Елиф“ и многу други, важи за една од најпопуларните во нејзината земја и пошироко, но никој не можел да претпостави дека зад насмевката на оваа храбра девојка се крие страшна приказна која не е за оние со слабо срце.
Иако е во раните дваесетти години, таа веќе надминала голем број проблеми и им дала храброст на сите оние кои имале слично искуство.
Имено, минатата година таа проговорила за страшното насилство кое го претрпела од рацете на сопствениот татко. Кога имала само 15. години, тој ја силувал и сексуално ја злоставувал, а по нападот таа се обратила на нејзината мајка.

View this post on Instagram

A post shared by MelisaDöngel (@melisadongel)

loading...

За жал, таа не и поверувала и ја замолила никогаш повеќе да не зборува за тоа, ниту никому да го спомнува тоа. Поради се’ што преживеала, а потоа искусила со години додека била под нивниот покрив, денес оди на терапија за да се справи со траумата.
Меѓутоа, сега решила повторно да ја раскаже својата приказна најмногу за да ја заштити својата помлада сестра.



Таа се плаши дека историјата ќе се повтори и се обидува на секој начин да го добие старателството над неа.

Инаку, кога Мелиса проговорила за се, татко и бил во затвор, а мајка ѝ се преселила во Русија и ја испратила помалата ќерка кај неа во Истанбул. Поради ова, нејзиниот сопруг побарал старателство над ќерката, на што Мелиса оправдано се противила.
По болната исповед, младата актерка ја поддржале бројни познати личности, меѓу кои и колегите од серијата „Тропни на мојата врата“ која ја прослави.

Мелиса Донгел е родена на 18. септември 1999. година во Истанбул, во турско-руско семејство. Таму завршила уметничка академија, а како тинејџерка ја започнала својата кариера во ТВ серијата „Елиф“. И предвидуваат блескава кариера, а денес оваа млада жена е една од најгласните кога се во прашање построгите закони за силувачите.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Клои Кардашијан „се заиграла“ во фотошоп: Пред нејзините облини се искривиле ѕидот и огледалото

На профилот на Клои Кардашијан повторно се појави фотографија со промашување на Фотошоп, што предизвикало …