Полицаец го убил легендарен Бразилец

Легендарниот бразилски борец во џиу џицу Леандро Ло е убиен во Бразил.
Ленадро Ло имал 33. години, а го убил полицаецот Енрике Отавио Велосо кој не бил на должност.
Леандро бил на концерт во Сао Паоло и според сведоците, Велосо дошол на неговата маса и им зел шише, што предизвикало реакција.
Леандро скокна врз Енрике, соборувајќи го и држејќи го „закован“ на земја, но тие брзо биле разделени додека пријателите скокнале за да спречат поголем инцидент.
Меѓутоа, кога Енрике Велосо станал, извадил пиштол и ја застрелал Леандра Ло во челото, а неколку часа подоцна и официјално бил прогласен за мртов од докторот Артуро Рибеиро де Сабоха.
Леандро Ло беше сопственик на бразилски црн појас во џиу-џицу и имаше осум титули на Светското првенство во ИБЏЏФ од 2012. до 2022. година.
Во текот на својата кариера ги победи великаните на овој спорт и некои од најдобрите греплери досега, како Гордон Рајан, Андре Галвао, Жилберто Дурињо Барнс, Роберто Сатоши, Аугусто Мендез, Фелипе Пења, Дилон Денис, Алан Белчер, Дави Рамос. .


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Озил објавил фотографија од болничкиот кревет со надеж дека ќе реши долгогодишен проблем

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил објавил дека операцијата на грбот му „минала добро“ и дека …