Внимавајте, тоа е нашиот најважен орган: Ова се нетипични СИМПТОМИ НА ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ

Симптоми кои укажуваат на сериозен здравствен проблем
Речиси и да нема поважен орган од црниот дроб. Не само што е најголемиот орган во телото, туку има и најголем број различни функции од кој било орган. Таа релативно мала структура (тежи само 2. кг.) прави буквално илјада работи, кои се многу комплицирани и вклучуваат сложени хемиски реакции. Затоа е многу важен за целокупното здравје на нашето тело.
Безалкохолниот масен црн дроб („nonalcoholic fatty liver“ – NAFL) е болест која се карактеризира со формирање на масни наслаги во овој орган, што може сериозно да го наруши здравјето на пациентот. Тоа е многу опасно, бидејќи нема очигледни симптоми. Кога се појавуваат симптоми, болеста веќе прогресивно се развива.
Сепак, постои симптом кој изгледа целосно неповрзан со црниот дроб, а всушност е знак дека овој орган страда – чешање во табаните и дланките! Тешкото чешање поврзано со NAFL најчесто е полошо доцна навечер и ноќе.
Од друга страна, според експертите, класични симптоми на безалкохолно замастен црн дроб се: непријатност и болка во стомакот и чувство на ситост во горниот десен дел од желудникот.
Лекарите исто така забележале дека дебелите луѓе се склони кон безалкохолни масни заболувања на црниот дроб. Доколку оваа дијагноза веќе постои, потребно е да се води сметка за исхраната и да се намали внесот на калории.
Од клучно значење е да се знае дека трајното оштетување на црниот дроб на крајот може да доведе до цироза, а потоа и до откажување на овој орган, што е исклучително опасно и може да биде фатално.
Постојат шест главни работи кои го оштетуваат црниот дроб:
1. Прејадување
2. Нездрава храна и пијалоци
3. Храна со малку протеини и многу јаглехидрати и масти
4. Специјални отрови, како што се алкохол, тутун, кофеин, теобромин и тешки дроги
5. Лекови, било оние кои се земаат со или без рецепт
6. Конзумирање или вдишување инсектициди, кондоми и други кумулативни отрови

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Грешки со кои жените ги уништуваат совршените врски

Истражувањата постојано укажуваат на разлики во начинот на размислување на мажите и жените Многу врски …