(ВИДЕО) Анџелина Џоли танцува со својата ќерка Захара, причината е академска!

Децата растат и полека се одвојуваат од родителите, а тоа и се случува и на Анџелина Џоли која од година во година своите деца ги испраќа на универзитет…
Анџелина Џоли е фотографирана како танцува со својата 17-годишна ќерка Захара, која треба да тргне на факултет.
Захара наскоро ќе биде бруцош на приватниот универзитет Спелман Колеџ во Атланта, а на традиционалниот собир на идните студенти и родители, мајката и ќерката танцувале на подиумот во видео објавено на профилот на колеџот на Инстаграм.
Универзитетот на кој ќе студира Захара е историска образовна институција за либерални уметности, а годишната школарина за додипломските студии на овој факултет чини нешто повеќе од 30.000 долари.

View this post on Instagram

A post shared by Morehouse College (@morehouse1867)

loading...

Заедно со Захара, која наскоро ќе зачекори во студентскиот живот, Џоли веќе го испрати својот најстар син Медокс, кој студира на универзитет во Сеул, Јужна Кореја.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на …