Вечерва во ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи БрасАрт квинтет

На 8 август 2022/ понеделник/ од 20.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи БрасАрт квинтет во кој членуваат:
Митко Рошков (труба),
Гоце Цоневски (труба),
Никола Терзиски (хорна),
Виктор Богоевски (тромбон),
Христијан Рајкоски (труба).
На програмата се дела од Мориконе, Чајковски, Пучини….

Податоци за квинтетот
БрасАрт квинтетот е новосоздаден квинтет кој дури сега почнува да гради некакво резиме. Нашата желба за работа, амбиција, љубов кон музиката, кон творењето, кон дружбата и конконцертирањето е тоа што не спои нас петмината да направиме нешто за нас, а воедно да се понудуме на македонската музичка сцена како новитет. Нашиот план е да оствариме неколку концерти во рамките на нашата држава, во различни средини и националности, со кои ќе покажеме дека музиката не разликува старост, младост, религија, националност… Во Прилеп, свириме претежно класична музика, но во нашиот репертоар ќе има и одлични евергрини и поп-класици – велат од квинтетот.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is BrasArt-kvintet-Plakat-Prilep1024_1.jpg

Програма


El Gato Montes – M.Penella
Canon in D – J.Pachelbel
Pavane – Gabriel Faure
Symphony no. 5 mvt 2 – P. I. Tchaikovsky
Nessun Dorma – G. Puccini
Purple Bamboo Song – Arr. E. Reed
Moment for Morricone – E. Morricone
Tango in D – I. Albeniz
Look for the Silver Lining – J. Kern
Manhattan – R. Rodgers
Killer Tango – S. Kompanek

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

500 ученици од Македонија и од шест европски земји на 10. „Џифони Македонија“ 5 октомври: …