Јајцата можат да бидат здрави, но не ако ги јадете на овој начин

ЈАЈЦАТА содржат изобилство на хранливи материи. Тие обезбедуваат бројни здравствени придобивки бидејќи се добар извор на протеини и можат да помогнат да се намали воспалението, да се подобри здравјето на коските и да се придонесе за здравјето на мозокот. Се јадат за појадок, после тренинг или како ужина, а можат да се подготват на многу начини – варени, печени, кајгана.
Сепак, треба да внимавате со што ги јадете јајцата. Само затоа што се здрави, не значи дека можете да ги комбинирате со нездрави состојки.

This image has an empty alt attribute; its file name is posirani-jajca-1.png
„Поради висококвалитетните протеини и Б витамините што ги содржат, нема сомнеж дека јајцата можат да бидат дел од здрава и урамнотежена исхрана, изјавил диететичарот Лорен Манекер.
Јајцата често се јадат со сланина, колбаси и пржени компири. Таквата храна е полна со заситени масти и сол.
„Кога ќе одлучите да јадете јајца, задолжително јадете ги со друга хранлива храна како авокадо, леб од цели зрна и зеленчук“, предупреди Манекер за Eat This.

loading...

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Грешки со кои жените ги уништуваат совршените врски

Истражувањата постојано укажуваат на разлики во начинот на размислување на мажите и жените Многу врски …