(ФОТО) ОТКРИЕН ПЛАНОТ НА СОПРУГАТА НА ШУМАХЕР: ПОСЛЕ ОБВИНУВАЊАТА ГО СОКРИВА МИХАЕЛ! Ќе потроши 30 милиони евра и ќе го ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ на целото семејство

Семејството на легендарниот Михаел Шумахер последниве недели повторно е во центарот на вниманието, а неговата сопруга Корина има идеја како да „избега“ од очите на јавноста.
Додека синот на легендарниот Михаел Шумахер последните денови мора да се грижи дали ќе има договор за следната сезона во Формула 1, светската јавност многу повеќе обрнува внимание на неговиот татко, некогаш голем шампион. Последните неколку недели семејството Шумахер повторно е во центарот на вниманието, а се’ започна од изјавите на соседите на семејството Шумахер и неговиот поранешен агент Вили Вебер.

This image has an empty alt attribute; its file name is korina-sumaher.jpg

loading...

Целата ситуација најмногу ја погоди неговата сопруга Корина, која прво се расплака пред камерите, а потоа објаснила дека секојдневно и недостига Михаел. Таа поради околности мораше да стане глава на семејството, а германските медиуми тврдат дека го откриле нејзиниот следен потег.
Според нивното пишување, Корина Шумахер планира да го пресели целото семејство на Мајорка!
This image has an empty alt attribute; its file name is sumaher-vila-jasmin-spanija.jpg

На почетокот на тој голем план е купување на вила чија вредност е над 30. милиони евра, а потоа преселба на овој остров во Средоземното Море. Покрај Корина и Михаел, вилата треба да биде дом и за нивните деца – Мик, возачот на Формула 1 и ќерката Џина-Марија, која се занимава со коњички спортови.
Токму затоа новиот дом на семејството Шумахер би можел да има огромен ранч, каде би имало место за коњи. Некогаш, Корина професионално се занимавала и со коњички спортови, па не е чудно што семејството Шумахер би сакало да има простор за штала за домашно милениче во своето парче рај.


This image has an empty alt attribute; its file name is sumaher-vo-vila-jasmina-1024x535.jpg

Инаку, новиот дом на семејството Шумахер треба да биде во луксузното одморалиште Андратк, место кое се наоѓа на самиот запад од островот. Градот, кој има нешто повеќе од десет илјади жители, од едната страна е опкружен со море, а од друга со планини, поради што е многу популарен меѓу познатите кои бараат помирна дестинација. Според информациите од Германија, семејството Шумахер веќе ја посетило вилата што сакаат да ја купат.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Озил објавил фотографија од болничкиот кревет со надеж дека ќе реши долгогодишен проблем

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил објавил дека операцијата на грбот му „минала добро“ и дека …