(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација за борба против болеста.
Актуелниот олимписки шампион, кој моментално се опоравува од тешката повреда и операција на скочниот зглоб, открил дека е дијабетичар од раното детство и боледува од дијабетес тип 1.
„Како момче не размислував многу за тоа, но како што растев се повеќе ми беше на ум“, вели Зверев, основач на фондацијата „Дијабетес сервис“.
„Многу години подоцна и по успешни сезони, се чувствувам доволно самоуверен за да излезам во јавноста со оваа иницијатива“, изјави 25-годишниот ас роден во Хамбург.
Покрај тоа што сака да биде тука за луѓето кои веќе имаат дијабетес и да ги поддржува децата кои „можат да останат здрави со правилна превенција и активен животен стил“, фондацијата ќе финансира проекти за деца и млади луѓе погодени од дијабетес, како и купување на инсулин и други лекови потребни за борба против дијабетесот.

View this post on Instagram

A post shared by Alexander Zverev (@alexzverev123)

loading...

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на …