СКАНДАЛ ВО БУНДЕСЛИГАТА – Германски медиуми: Фудбалерот на Борусија обвинет за злоставување на бремената девојка

Тој претходно ја фатил одзади, а потоа ја фрлил на земја. Потоа следеле удари во пределот на стомакот, пишува Bild.
Германските медиуми пишуваат дека фудбалерот Нико Шулц е обвинет за тежок прекршок.
Членот на Борусија Дортмунд наводно ја малтретирал поранешната девојка додека била бремена, а таа го пријавила во полиција.
-Претходно ја зграпчил одзади, а потоа ја фрлил на земја. Потоа следеле удари во пределот на стомакот, пишува Bild.
Судот ќе го обвини најмалку по седум точки, па затоа е во големи проблеми.


Инаку, тренерот на жолто-црните, Един Терзиќ, воопшто не е задоволен од Шулц и му порачал дека е слободен во изборот на новата средина.

Фото: Принтскрин/BUNDESLIGA


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Легендарниот тренер Чиро Блажевиќ за болеста: „Имам големи болки, ракот ми се прошири на сите коски и црниот дроб“

Откако неодамна беше снимен како шета низ Загреб придружуван од неговиот син Мирослав, Мирослав Чиро …