Зошто семките од тиква се ИДЕАЛНА ужина? Содржат толку многу корисни елементи што ќе ги јадете секој ден

Наместо нездрави грицки, земете семки од тиква
Овие семки содржат калциум, магнезиум, калиум, цинк, витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е, К. Бидејќи телото губи многу минерали со стареењето, семките од тиква се идеална летна ужина.
Освен тоа, содржат и омега-3 и омега-6 масни киселини, кои се корисни на многу начини – ја зголемуваат енергијата, го регулираат нивото на холестерол, благотворно делуваат на здравјето на репродуктивните органи, централниот нервен систем, а исто така се потребни за клетките на кожата.
Тие се природен извор на магнезиум, кој на нашето тело очајно му е потребен. Магнезиумот помага при релаксација и одржување на оптимални нивоа на невротрансмитери кои ги смируваат умот и телото, според нутриционистката Шарлот Мартин.

This image has an empty alt attribute; its file name is semki-od-tikva.jpg
Семките од тиква се добар извор на калиум, манган, железо, цинк и бакар. Една порција може да задоволи 14 од 42 проценти од дневните потреби за овие микронутриенти.
Сите овие минерали и витамини го подобруваат целокупното здравје на организмот – го зајакнуваат имунитетот, добро делуваат на видот, кожата и косата. Калиумот е одличен за одржување на здрав кардиоваскуларен систем.
Овие семиња се исто така богати со алфа-линолеински киселини, растителни и незаситени омега-3 масти кои можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања, смета Мартин. Влакната во овие семиња можат да помогнат во намалување на нивото на лошиот холестерол, крвниот притисок и другите воспалителни процеси во телото.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Грешки со кои жените ги уништуваат совршените врски

Истражувањата постојано укажуваат на разлики во начинот на размислување на мажите и жените Многу врски …