ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – Холандски фудбалер се здобил со тешка повреда, приклучен е на респиратор и се борат за неговиот живот

Лекарскиот тим интервенирал по околу 20. секунди
Холанѓанецот Дони ван Иперен (27) е тешко повреден по судир со противничкиот голман. Ван Иперен настапува за Зимбра Кишињев во Молдавија, а на натпреварот против Динамо-Аута во 2. коло од молдавското првенство тешко се повредил по сударот со голманот Алоге Тунга.
Тој трчал по топката која била уфрлена во шеснаесетникот, кога голманот Алог Тунга го удри со рамо во глава.
Лекарскиот тим интервенирал по 20-ина секунди, додека фудбалерите гледале и со очајнички гестови побараа интервенција на итната помош.
Иперен бил изнесен од теренот на носилки приближно 6. минути по ударот и бил пренесен во болница во Тираспол.

loading...

Според Jurnal.md, Дони бил однесен на одделот за интензивна нега и ставен на респиратор.
– Во овие тешки моменти сите наши мисли се со Дони ван Иперен. Холанѓанецот е префрлен во болница во Кишињев и е на лекарска нега. Дони биди силен, цел жолто-зелен тим се моли за тебе – напишале во соопштението објавено на клупската Фејсбук страница.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Озил објавил фотографија од болничкиот кревет со надеж дека ќе реши долгогодишен проблем

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил објавил дека операцијата на грбот му „минала добро“ и дека …