(ВИДЕО) 93-годишна баба лета врзана за авион: Хуманоста во прв план

93-годишна баба штотуку ја заврши својата петта добротворна мисија. Овој пат нејзиниот необичен потег е, како што рекла, инспириран од реклама за чоколао, а се работи за лет „во авион“.
Бети Бромаџ, од Челтенхем, Глостершир, го извела успешниот лет додека била врзана за авионот над аеродромот Рендкомб, во близина на Сајренстер. Со овој потег, а не за прв пат, таа решила да го сврти вниманието кон оние на кои им е потребна хуманитарна помош и да повика на донации во добротворната организација за палијативна нега, во која е вклучен и медицинскиот центар „Сју Рајдер“.


Госпођа Бромиџ рекла је да јој је идеја да се подигне у небо пала на памет, док је гледала рекламу за „кадбериз кранчи бар” слаткиш.

„Сакав да го направам ова за да си докажам себеси дека можам да го направам тоа“, вели жената која е во десеттата деценија од животот.
„Летањето на овој начин не беше нешто за што размислував, но сакав да соберам средства за добротворни цели, па почнав да разгледувам работи што можам да ги направам. На мои години не можам да трчам, па барав други идеи и ете – летав како во рекламата…“, рекла таа.
Бети Бромаџ, која има артритис и пејсмејкер, собира средства од својата 87. година и веќе собрала повеќе од 23.000 фунти за локалните добротворни цели.
Таа се одлучила на својот последен предизвик да собере пари за болницата, како благодарност што се грижи за нејзината снаа.
„Болницата Сју Рајдер им помага на многу луѓе. Тие се грижеа за мојата снаа и беа многу љубезни кон неа. Тие се грижеа и за неколку мои пријатели низ годините. Тие се вистинска добротворна организација“, рекла госпоѓата во години и додала дека е среќна што во својата мисија ја има поддршката од семејството, особено од снаата и внуката.
Таа рекла дека сака да ги инспирира другите да „направат нешто добро“ и се надева дека нејзината петта мисија ќе остави траен впечаток.
„Мислам дека сите треба да направиме нешто добро и треба да си помагаме – затоа сме тука. Има многу љубезни луѓе и ако можеме да му помогнеме на соседот и пријателот тогаш би требало. Отсекогаш сум се трудела да го направам тоа бидејќи така сум воспитана“, заклучила Бромиџ.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крај на една бајка – Жизел Бундхен и Том Брејди се разведуваат: „Тој треба да си ја следи среќата“

Како што потврдиле извори за Page Six, Жизел Бундхен и Том Брејди не успеале да …