Актерката во стабилна состојба по несреќата: „Семејството моли за приватност“

Холивудската актерка Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес откако со својот автомобил „удри“ во куќа, а како што пишува Hollywood Reporter, актерката моментално е во стабилна состојба.
Актерката доживеала несреќа кога удрила во куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Автомобилот и куќата се запалиле, а огнот го гаселе 59 пожарникари, пренесоа американските медиуми.
Хеч веднаш била извлечен од уништениот автомобил и пренесена во болница.
Сепак, според последните вести кои доаѓаат од Холивуд, актерката е во стабилна состојба, а нејзиниот претставник за медиуми изјавил дека нејзиното семејство моли за приватност.
„Нејзиното семејство и пријателите бараат да се молите за неа и да ја почитувате нејзината приватност во овој тежок момент“, рекол тој.
Како што е познато, освен актерката никој не е повреден во сообраќајната несреќа, ниту пак е уапсен, а полициските детективи вршат натамошни увиди.

View this post on Instagram

A post shared by Anne Heche (@anneheche)

loading...

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на …