(ФОТО) Бебе станало хит поради сличноста со Вуди Харелсон: „Посакувам да ја имав твојата коса“

Мајка објавила фотографија од својата ќерка на Твитер и на шега ја споредила со Вуди Харелсон. Актерот бил воодушевен од нивната сличност и напишал песна за бебето.
Младата мајка која секојдневно објавува фотографии од својата ќерка Кора на социјалните мрежи, на една фотографија забележала дека нејзиното девојче изгледа како познатиот актер.
„ОК, но како нашата ќерка личи на Вуди Харелсон?“, напишала таа на Твитер.
Откако ја видел нејзината објава, актерот открил дека е поласкан од споредбата. Тој на својот Инстаграм ја сподели објавата на мајка си, а под фотографијата и посвети кратка песна на Кори.

View this post on Instagram

A post shared by Woody Harrelson (@woodyharrelson)


„Ода за Кора. Ти си прекрасно дете. Ми поласка оваа споредба. Имаш прекрасна насмевка. Само би сакал да ја имам твојата коса”, напишал актерот во описот на објавата, а неговата објава и се допаднала и на мајката на Кори.
„Ти ни го разубави денот, едвај чекам да и го покажам ова кога ќе порасне, имаш уште еден фан за цел живот“, одговорила таа на објавата на Харелсон.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Парко 2047 фестивал

Иднината започнува сега! „Парко.𝟐𝟎𝟒𝟕“ е проект на млади Битолчани, чија цел е да создадат платформа …