Сиромаштија во богатата Германија

Германија е богата земја, но статистиката незапирливо открива колку од нејзините жители едвај преживуваат.
Според официјалните податоци од четвртокот, околу 13. милиони луѓе, или 15,8 отсто од граѓаните, живееле во сиромаштија во 2021. година.
Федералното биро за статистика ја класифицира категоријата ранливи со заработка помала од 60. проценти од просечната. Уделот на таа група во населението останал практично непроменет од претходната година, но состојбата се уште се влошува.
Просечниот нето приход на самец во 2021. година бил 15.009 евра или 1.251 евро месечно, а за брачен пар со две деца под 14. години изнесувал 31.520 евра или 2.627 евра месечно.

Сиромаштијата повеќе им се заканува на жените отколку на мажите, со 16,5 и 15,1 отсто. Истовремено, ризикот се зголемува со возраста, па така кај постарите од 65. години, загрозени се 21. отсто од жените и 17,4 отсто од мажите.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is germanija-kes.jpg
Од Институтот тоа го припишуваат на пониските пензии за жените, најчесто поради прекини во работен стаж поради воспитување деца и слично.
Децата и младите се уште поизложени на сиромаштија со 16,2 отсто, а најлошо поминуваат самохраните родители и семејствата со повеќе од две деца, со учество од 26,6 и 23,6 отсто. Најголемиот удел меѓу сиромашните во Германија и натаму го сочинуваат самохраните, со 26,8 отсто.
Меѓу невработените, речиси половина, 47. отсто од нив, биле на или под прагот на сиромаштија, како и една петтина од пензионерите.
„Сувите бројки не ја пренесуваат драмата на ситуацијата“, вели професорката по социјално право Ен Лензе. „Сиромаштијата многу потешко ги погодува оние кои веќе имале малку.

„Луѓето со ниски примања веќе мораа да одвојат голем дел за домување, сметки и храна и немаа простор никаде да се стискаат, на пример со откажување од одење во ресторан или на одмор“, рекла Лензе.
Притоа, по правило живеат во лошо изградени станови и несразмерно голем дел од заработката трошат на парно. Инфлацијата само ќе ја влоши ситуацијата и „луѓето лесно можат да се лизнат под границата на преживување“, предупредила професорката.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ – Гледачите згрозени од новиот филм за Мерлин Монро: „Ова е сурово, не го гледајте!“

Филмот „Blonde“, измислена приказна за легендарната актерка Мерлин Монро, кој неодамна беше објавен на Нетфликс, …