Радикално чистење на крвните садови – метод кој го регулира холестеролот за 40. дена

Зголеменото ниво на холестерол мачи се’ поголем број луѓе, а доколку не се регулира може да доведе до низа компликации.
Лековите треба да бидат последна опција. Пред тоа, препорачливо е да се обидете природно да го регулирате нивото на холестерол.
Народната медицина изобилува со рецепти кои можат да помогнат во решавањето на овој проблем, а најмоќната комбинација која ги ослободува крвните садови од маснотиите е секако онаа на лимонот и лукот.
Познато е дека и лимонот и лукот имаат бројни лековити својства. Тие се сметаат за одлични средства за чистење на крвните садови, намалување на нивото на холестерол, зајакнување на ѕидовите на крвните садови и намалување на ризикот од опасни болести како што е атеросклероза.

Пијалакот со лимон и лук е руски рецепт за чистење на крвните садови кој со векови се користи во руската народна медицина. Исто така, овој пијалок го спречува создавањето на канцерогени клетки, што повеќепати е потврдено со научни истражувања, поради фактот што лукот содржи големи количини на антиоксиданси.


This image has an empty alt attribute; its file name is limon-i-luk-2.jpg

За да го подготвите овој пијалок ќе ви требаат:
4 главички лук
4 средни лимони со кора
3 литри провриена вода
Подготовка: лукот исчистете го, па заедно со лимонот ситно измелете го. Оставете ја водата да зоврие, а потоа намалете ја топлината и додајте ги мелениот лук и лимонот, па поклопете го тенџерето.
Варете на тивок оган до 15. минути, не повеќе. Тргнете од оган и оставете да се излади. Истурете и складирајте во покриен стаклен сад.
Примена:
Земајте 1 до 2 лажици од овој пијалок пред секој оброк. Циклусот на лекување трае 40. дена и се препорачува да се спроведува само еднаш годишно.


НАПОМЕНА: Пред да користите народни лекови, консултирајте се со лекар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. зборови кои ќе го променат текот на вашата врска: Обидете се да го кажувате ова почесто и вашата врска ќе цвета

Три збора што треба да ги кажувате во врската… Еден љубезен збор отвора и железна …