ОВОЈ ТРИК СЕ КОРИСТИ ВО МУЗЕИТЕ! Еве како на вашиот мебел ќе се акумулира помалку прашина

Се користи во медицината, фармакологијата, козметичката и прехранбената индустрија и земјоделството, а дали знаевте дека ова средство е ефикасно и во секојдневниот живот. Со негова помош чистењето на куќата отсега ќе биде песна!
Зборуваме за глицерин, а во продолжение ви прикажуваме пет начини како да го користите при чистење.

1. Блескаво чисти подови
За брзо и ефикасно чистење на валканите подови, само додадете неколку капки глицерин во кофа со вода.


2. Ослободете се од прашината на долг рок
За да го направите ова, додадете малку глицерин во сад со вода. Натопете ја крпата со оваа вода и избришете ги површините. Нема да видите прашина најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите.

This image has an empty alt attribute; its file name is glicerin-za-cistenje-1.jpg


3. Ги отстранува дамките од облеката
Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете сè со вода во која сте додале малку сол. За да отстраните дамка од чај, кафе или чоколадо, само направете мешавина од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и измијте ја по половина час.

4. Правилно одржување на мебел од кожа
Ако имате изгребан мебел од кожа, само избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати.


This image has an empty alt attribute; its file name is glicerin-za-cistenje-jpg.jpg

5. Прозорци
Измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и со оваа смеса избришете ги прозорците. Ниту прашината ниту нечистотијата нема да ја нарушат чистотата на вашите прозорци долго време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. зборови кои ќе го променат текот на вашата врска: Обидете се да го кажувате ова почесто и вашата врска ќе цвета

Три збора што треба да ги кажувате во врската… Еден љубезен збор отвора и железна …