Ова Порше го возел Пол Вокер, а новиот сопственик за него ќе плати над милион долари

ПОРШЕТО на трагично загинатата ѕвезда на Брзи и бесни оди на аукција.
На крајот на месецот ќе се најде на аукција од страна на Mecum Auctions, која предвидува дека најверојатно ќе достигне цена од повеќе од милион долари. Станува збор за Porsche Carrera RS 2.7 од 1973 година, модел произведен во само 1580. примероци.

This image has an empty alt attribute; its file name is porse-na-pol-voker-1.jpg

loading...

Тоа е едно од најпосакуваните колекционерски поршеа, кое во комбинација со сопственоста на познатите личности гарантира рекордна цена. Некогаш најбрзиот германски автомобил се очекува да предизвика огромен интерес.
Ова е моделот со кој Порше го прослави спојлерот duck tail. Го придвижува 2,7-литарски мотор со шест цилиндри, кој произведуваше над 210 КС кога излезе од фабриката. Опремен со механичко вбризгување гориво на Bosch и менувач со пет брзини, овој модел го формира врвот на пирамидата на класиците на Porsche.


За овој автомобил Вокер зборуваше и на гостувањето кај Џеј Лено во 2011 година, а го купил на невидено преку Интернет.
>> Фотогалеријата и описот на автомобилот можете да ги погледнете овде

Фото: Принтскрин/Mecum Auctions


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Сакал да повози Бугати од 5 милиони долари, но не ја проверил временската прогноза

Возењето на Bugatti W16 Mistral е секако незаборавно искуство, со 1.600 коњски сили и ветер …