ИН МЕМОРИАМ: Актерот Митко Апостоловски, доајенот на битолското и македонското глумиште, почина на 67 години

На 67 годишна возраст во Битола почина познатиот актер Митко С. Апостоловски, доајенот на битолското и македонското глумиште, театарски, филмски и телевизиски глумец, кој театарската, филмската и телевизиската публика ќе го паметат по многу голем број на улоги кои тој во својот богат работен век ги реализира.

Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци.


This image has an empty alt attribute; its file name is mitko-apostolski.jpg
Апостоловски работи во Народниот театар во Битола работи (1973 – 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 – 1995). Од 1995 година е повторно е член на ансамблот во Народниот театар во Битола.
Апостоловски ги одиграл театарските улоги: Фезлиев (“Црнила”), Војдан (“Тетовирани души се враќаат дома”), Креонт (“Медеја”), Дидро (“Развратникот”)…

Апостоловски во 1979 година беше дел од ТВ сериите “Наши години“, “Илинден“, “Белото циганче“, “Тврдокорни“…


This image has an empty alt attribute; its file name is mitko-s-apostolovski-1.jpg
Бил глумец во филмовите “Бог да ги убие шпионите“, “Заборавени“, “Големата вода“, “Трето полувреме“, “До балчак“, “Последниот македонец“ и други.
Кај младата публика ќе остане во сеќавање по одлично одиграните улоги во ТВ сериите “Македонски народни приказни“ и “Народни приказни“.
Неговите колеги од Народниот театар во Битола, како и многу битолчани од него се простуваат на социјалните мрежи, а неговиот колега Петар Горко напиша дека ова е неизмерна загуба.
„Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот почитуван колега!“, напишаа од НТ Битола на Фејсбук.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три знаци дека цревата ви се болни – доколку ги забележите, неопходно е итно да се обратите на лекар

Веќе сте свесни дека вашите црева се еден од најмоќните делови на вашето тело. Експертите …