(ВИДЕО) Судбина? Се видела на фотографијата на сопругот 15. години пред да се запознаат

Животот понекогаш знае да „игра“ со нас на многу убав начин…
Една девојка споделила интересна приказна на социјалната мрежа ТикТок, а тоа и се случило само неколку дена пред нејзината венчавка.
Се’ започнало кога Ализ Замбрано од Еквадор гледала фотографии од нејзиниот иден сопруг кога бил момче и забележала нешто неверојатно. Таа се забележала на сликата на нејзиниот сопруг 15. години пред да се запознаат.
Во позадина на една од сликите, направена пред 15. години, може да се види младата Ализ како гледа во момчето. Тогаш не можела ни да сонува дека всушност го гледа својот иден сопруг Педро.
– Не се сеќавам на ништо од фотографијата, бидејќи бев девојче и не го познавав. Еден ден отидовме кај свекрва ми и ја замолив да ми покаже албум со фотографии од мојот сопруг кога бил дете и тогаш ја откривме фотографијата – вели Ализ со неверување, пренесува The Sun.

@ailizmelinazambrano #queesesoooooooooooooooooooooo #viral #parati #fyp #coincidenciasdelavida ♬ el que use este audio es normal – Ntsl

loading...

– Бевме тотално изненадени, не можевме да поверуваме, ни даде страв, среќа. Неверојатно е дека фотографот го запре на сред парада токму во тој момент кога се појавувам и го гледам.
Поради таквата симпатична приказна, нејзиното видео набрзо доби над 9. милиони прегледи и 500.000 лајкови, оставајќи многу корисници на TikTok воодушевени.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Теретана под јорган: Пет пози кои согоруваат НАЈМНОГУ КАЛОРИИ

Половина час водење љубов потрошува околу 150. калории, но бројката може да биде поголема, во …