3. природни НАЧИНИ да се ослободите од БЕЛИТЕ ВЛАКНА: Боењето на косата не е единственото решение!

Спречете ја појавата на седа коса со состојки кои ги имате дома
Повеќе не мора да трчате во фризерски салон за фарбање ако забележите дека на вашата коса почнуваат да се појавуваат седи влакна. Постои сосема природен начин да се ослободите од овие несакани „гости“
Важен фактор кој влијае на појавата на седата коса е секако генетиката. Седите влакна може да се појават и поради стрес, недостаток на витамини, конзумирање цигари, но и поради употреба на производи кои не одговараат на вашата коса.
Овие три третмани можат да ви помогнат да се ослободите од седата коса на сосема природен начин.

Кафе
Овој метод е погоден за луѓе кои имаат потемна коса. Можете да користите еспресо кафе со кое ќе ја прелиете косата, откако ќе се излади, а потоа ќе го премачкате по целата коса. Почекајте половина час и потоа исплакнете. Нанесувајте го третманот два пати неделно.


Кокосово масло и кари
Треба да загреете кокосово масло со листови од кари. Почекајте маслото да се растопи и листовите да ја ослободат својата боја. Потоа извадете ги листовите и оставете ја смесата да се излади. Втријте ја во темето, а потоа и во остатокот од косата. Оставете ја смесата на косата еден час, а потоа измијте ја како и обично. Нанесете го овој третман пред секое миење на косата и ќе видите неверојатен ефект.

Чај од камилица
Овој метод е идеален за луѓе со посветла коса. По миењето, треба да ја исплакнете косата со чај од камилица. Овој третман можете да го примените после секое миење, а бројот на седите влакна постепено ќе исчезне.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …