(ФОТО) ПРОБЛЕМИ ВО РАЈОТ НА СОВРШЕНОТО СЕМЕЈСТВО: Неспособниот син ги обвинува родителите, никогаш нема доволно пари и моќ, дури и сопругата го презира!

Семејството Бекам сѐ уште вистински ужива во одморот, но во рајот се наѕираат проблеми
Семејството Бекам е во Палм Спрингс и овој пат сите заедно заминале на појадок облечени во бело. Дејвид и Викторија биле придружувани од ќерката Харпер и синот Ромео, додека Бруклин и Круз не биле никаде на видок.
Додека Круз повремено доаѓал да го посети семејството, а биле видени заедно на неколку локации, Бруклин не се појавил. Се шушка дека за се е виновна снаата која не е баш во добри односи со свекрвата Викторија.
Иако Никол и Викторија имаа идилична врска, по гламурозната венчавка таа љубов наеднаш завршила.

Претходно се шпекулираше дека Дејвид и Викторија не го одобруваат предбрачниот договор на најстариот син, бидејќи во него морал да се откаже од богатството на сопругата Никола Пелц.
Сепак, тоа не било ништо необично со оглед на тоа што таткото на Никола Пелц е американскиот бизнисмен Нелсон Пелцв чие богатство се проценува на 1,3 милијарди фунти, што е околу три пати повеќе од имотот на родителите на Бруклин.
Имено, богатството на Дејвид и Викторија вреди 380. милиони фунти, што е импресивно, но не во круговите на милијардерите.
Но, постоела и теорија дека на целото семејство Бекам, а особено на Викторија и пречело тоа што на свадбата не седнале на главна маса со семејството Пелц.


„На главната маса имаше само членови на семејството милијардери и се изгледаше дека Бекамови не се во првите редови. Имаше чувство дека тоа е само свадба на семејството Пелц, бидејќи тоа беше нивната куќа и само нивната ќерка и син држеа говори“, открил непознат извор за британски „Daily Mail“.
Исто така, додека Викторија дизајнирала свои и неколку други фустани за скапата венчавка на нејзиниот најстар син, невестата носела брендови како Валентино, Версаче и Диор. Освен тоа, Никола била експлицитна на прашањето дали инспирација и е свадбата на Викторија и Дејвид Бекам.

Гласините за лошите семејни односи дополнително ги подгрело видеото на Бруклин Бекам со бабата на неговата сопруга милијардерка, на која и прочитал роденденска честитка во која и се заблагодарува што „го прифатила во нејзиното прекрасно семејство“.
Поинформирани извори тврдат и дека раздорот во семејството Бекам настанал и кога Бруклин почнал да ја обвинува мајка си за деловни неуспеси.
Каков бизнис и да започнал Бруклин завршил неславно, а раскинувањето на соработката со познат моден бренд за време на која требало да заработи милиони за само неколку објави на социјалните мрежи, е само последен во низата негови неуспеси.


This image has an empty alt attribute; its file name is bruklin-so-soprugata-3-918x1024.jpg

Помина едвај половина година откако потпишал договор со нив, а потоа следел студен туш, а директорите на компанијата изјавиле дека „одлучиле да работат со различни таленти за нивната кампања пролет/лето 2022 година“, а Бруклин останал без работа.
Иако неговата сопруга Никола Пелц јавно го бранела и кажала колку тешко му паѓаат големите очекувања, таа наводно е и лута што 23-годишниот не може да си ја задржи работата, дури и со силните врски што неговите и нејзините родители ги имаат.

Неговите родители, Викторија и Дејвид, полека го губат трпението со Бруклин, на кои, како што тврди извор близок до семејството, им е тешко што нивниот син постојано пропушта можности кои поради неговото познато име и родителските врски е многу полесно да дојде од милиони други. Поради ова, Викторија наводно зажалила што го „поттурнала“ својот син и му го „средила“ овој договор.
„Таа повлече многу конци за да ја добие таа соработка. Тоа требаше да биде отскочна штица за иднината”, вели изворот. Бруклин, наводно, одбил неколку кампањи и снимања што брендот ги побарал од него бидејќи тоа „не се вклопувало со неговиот распоред“.
Тогаш се дознало дека Бруклин воопшто не сакал да соработува со тој бренд, туку со Гучи, а наводно се пожалил дека Викторија го принудила на тоа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …