(ФОТО) ВАКВО ТЕЛО НЕ ДОАЃА САМО ОД СЕБЕ: Ирина вежба секој ден по два часа, а ќе се шокирате од тоа што јаде!

Ирина Шајк заработува пари благодарение на нејзиниот добар изглед, а поради тоа многу сериозно ги сфаќа вежбањето и исхраната
Ирина Шајк овие денови ги поминува на јахта на Ибица. Ослободена од притисокот на јавноста и папараците кои ја следеа за време на врската со Бредли Купер но и Канје Вест, манекенката максимално одмара.
Додека таа го покажува своето совршено тело во бикини на плажа, не можеме а да не и позавидиме. Но, свесни сме дека ваквото тело „не доаѓа само по себе“, па не интересираше што јаде Ирина и како вежба?
Во манекенските кругови важи за расна убавица со оглед на тоа што ги зачувала природните облини на своето тело. Гледајќи ја, изгледа толку едноставно и природно, но вистината е дека Ирина многу внимава што јаде и како вежба. Во неколку интервјуа изјавила дека има брз метаболизам и дека килограмите не и се лепат толку брзо, туку дека секогаш внимава што консумира.

This image has an empty alt attribute; its file name is irina-sajk-1.jpg
Дојдовме до нејзиниот план за исхрана а тој изгледа вака:
Појадок: Варено јајце, тост и авокадо.
Ужина: супа
Ручек: Пилешко бело месо, зеленчук на скара
Вечера: Салата и супа.
Само тоа? Да, само тоа…


А како вежба Ирина Шајк?
Ирина неколку пати спомнала дека обожава да вежба. Таа сака да се поти и го сака тоа чувство на исцрпеност по напорниот тренинг. Но, како функционира Ирина Шајк?
Моделот комбинира бокс, боречки вештини, кардио тренинзи и вежби од различни форми.
Четири пати неделно вежба џиу-џицу, еднаш неделно задолжително оди на прошетка, еднаш неделно прави силен кардио тренинг.
Шест дена во неделата има силни тренинзи кои траат по два часа, така што во недела одмара, но во тој ден за одмор задолжително оди на долги прошетки.
Па, ако сакате тело како Ирина Шајк – не се штедете, туку упатете се на тренинг!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …