Првата Бонд девојка Урсула Андерс пленела со убавина и сексапил, а потоа и била дијагностицирана болест која упорно ја игнорирала. Еве што никогаш не треба да правите!
Обожавателите на познатата филмска франшиза за агентот 007 веројатно се сеќаваат на првата Бонд девојка, занесната швајцарска актерка Урсула Анедерс (86), која се појави рамо до рамо со Шон Конери во првиот „Џејмс Бонд“, наречен „Доктор Но“.
Во познатата сцена на плажа, додека излегувала од вода, Андерсен пленела со својата сексипилност и занесна фигура, а важела за главен секс симбол во текот на 60-тите години на минатиот век.
Меѓутоа, на почетокот на 2000-тите ѝ била дијагностицирана остеопороза – болест на коските која, како што самата вели, првично ја игнорирала, што на крајот се покажало како многу погрешна одлука.
Колку остеопорозата може да доведе до големи компликации доколку не се лекува соодветно на време, се поткрепува и со фактот дека може драстично да ги ослабне коските – тие потоа стануваат покревки и полесно се кршат.
Остеопорозата доаѓа практично без симптоми и знаци кои би можеле да укажат дека болеста се развива и поради тоа често се одложува дијагнозата. Експертите објаснуваат дека често не предизвикува болка, се додека нема скршени коски дури и како последица на паѓање од сопствената висина. Некои заболени имаат симптоми на благо свиткување напред, поради компресија на ‘рбетните столбови. Бидејќи го зголемува ризикот од скршеници, заболените често може да завршат во инвалидски колички.
Пред околу 10. години, Андерсен во едно интервју изјавила колку и било тешко и дека жали што не го послушала советот на лекарот на време. Пред дијагнозата не почувствувала никакви симптоми.