Погрижете се да го сочувате вашиот дом!
Основното правило пред да одите на некој подолг одмор надвор од дома е да ги исклучите сите уреди, бидејќи и кога се исклучени, но сеуште вклучени во струја, уредите трошат струја, советуваат експертите.
Значи, првото правило е да ги исклучите сите електрични уреди. Многумина трошат струја дури и кога се исклучени, па затоа е потребно да го извадите приклучокот од штекерот, но советот е да исклучите се што можете пред се заради безбедност и сигурност.
Исклучете ја климата. Задолжително исклучете го бојлерот пред да заминете. Задолжително исклучете го и главниот вентил за вода, за да не дојде до дефект или поплавување.
Не оставајте светла или светилка запалени кога не сте дома, па дури и да сакате да оставите впечаток дека некој е таму. Побезбедно е некој од време на време да го посетува вашиот дом за да се увери дека се е во ред.
Исклучете ги лаптопите, компјутерите, полначите за телефони, конзолите за игри и сите уреди со надворешни полначи. Сите полначи црпат струја кога се приклучени, без разлика дали уредот е вклучен во нив.
Исклучете ја микробрановата рерна, тостерот, блендерот, апаратот за кафе и друго. Исклучете го замрзнувачот, фрижидерот и бојлерот. Без разлика дали го вклучувате и исклучувате бојлерот по потреба или го држите постојано вклучен, задолжително исклучете го пред да заминете на одмор. Исклучете го и кујнскиот бојлер ако е поврзан со приклучок.
Исчистете го фрижидерот и отстранете ја целата расиплива храна од него. Ако сте отсутни повеќе од еден месец, исклучете го од струја.