НОВА ЕРА НА СПОРТОТ – Арена Спорт: Најдобрите европски и регионални фудбалски лиги на едно место

Вечерва, 5. август во 21. часот, започнува нова ера на спортот – Арена Спорт започнува со емитување на најсилната фудбалска лига во светот – англиската Премиер лига. Кристал Палас и Арсенал ја отвораат сезоната, а гледачите ќе можат да го следат директниот пренос на каналот Арена Спорт 2.
Каналите „Арена спорт“ во следните шест години ќе им понудат можност на гледачите да ги следат сите натпревари од најсилната лига во светот, а освен Премиер лигата, гледачите ќе можат да ги следат и натпреварите од Чемпионшип, втората лига од Англија, на Арена Спорт. Така, се најдобро од островот ќе биде на едно место и во посебен аутфит.
„Тоа е голем, можам слободно да кажам најголем проект кога се работи за Арена спорт и преносите на фудбалски натпревари на нашите канали. За нас купувањето на правата за англиската Премиер лига беше најважниот проект досега, а ние успешно го реализираа и сега нашите гледачи во следните шест години ќе можат да уживаат во најсилната лига на светот“, изјави генералниот директор на Арена Каналс Груп, Небојша Жугиќ.
This image has an empty alt attribute; its file name is nebojsa-zugic-jpg.jpg
Она што е исто така важно да се истакне е дека покрај англиската Премиер лига, Арена Спорт и’ во новата сезона ќе ги пренесува натпреварите од сите други најдобри лиги во светот – „Лигата на петте“. Така вечерва од 21 часот почнува и француската Лига 1 кога играат Лион и Ајачио. Следниот викенд е резервиран за италијанската Серија А и шпанската Ла Лига, додека на крајот на август во Арена спорт се враќа најелитното европско клупско натпреварување – Лигата на шампионите.
Кога на се ќе се додадат преносите од сите регионални лиги – м:тел Премиер лигата на БиХ, Суперлигата на Србија и Хрватската фудбалска лига, каде натпреварите веќе започнаа сериозно, тогаш на сите гледачи им е јасно што треба да изберат летово кога станува збор за спортот.
Затоа Жугиќ додава: „Отсекогаш се трудевме на нашите гледачи да им го обезбедиме најдобриот спорт и особено најдобриот фудбал, па покрај Премиер лигата, ги обезбедивме и правата за пренос на сите најдобри лиги во регионот, како и како и во Европа, и ја продолживме долгогодишната соработка со УЕФА за преноси од Лигата на шампионите, Европа и Лигата на конференциите“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Полицаец го убил легендарен Бразилец

Легендарниот бразилски борец во џиу џицу Леандро Ло е убиен во Бразил. Ленадро Ло имал …