Со задоволство го најавуваме првиот EGNATIA ESCAPE FESTIVAL 2022 кој ќе се случува од 12 до 14.август, под пелистерските села.
Програмата започнува на 12.август (петок) во дворот на црквата Св. Димитрија во с. Магарево со настап на македонскиот џез-квартет „Летечки Пекинезери“, најголемото освежување на македонската музичка сцена, Дина Јашари и другарите и уникатноста на ритамот низ диџејството на Berryqyat.
Сабота (13.август) ќе се расонуваме од 11.часот во Вила Дихово (с.Дихово) со влез во „Магичниот свет на печурките“, работилница за берење и приготвување восоработкасоФунгиИгнатиа. А од 21.часот во дворот на цркватаПресветаБогородица (с. Трново)настапуваат „Исмаил Лумановски &Љубојнаft. Панајотис Андреу“, коинајавтентичногопренесуваатпулсотнамузичкиотбит. Програмата ќе ја заврши грамофонџијата, Dj, музичкипродуцентиписателодБитола, којслави 30-годишенјубилеј – B.Boy.
Недела ќе ја започнеме во етно-објектот „Де Ниро“ во с. Цапари каде ќесе одржи работилница со приготвување и печење леб од 12.часот, додека целосното три-дневноEGNATIA ESCAPE FESTIVAL искуство ќе го заокружиме со почеток од 20.часот низ музиката која ја нуди единствениот Пијан Славеј и ритамот на Bad Juju.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку MK TICKETS и во кафулињата „Порта Џез“ и „Јагода“ во Битола од понеделник
Social media info: https://bit.ly/egnatia_escape_festival – https://bit.ly/egnatia_escape_festival_event