(ВИДЕО) Поради улогата на мајката на Стифлер во познатиот филм, актерката спиела со 200. мажи

Џенифер Кулиџ, американската актерка најпозната по улогата на Џенин Стифлер во „Американска пита“ во 1999. година, изјавила дека улогата имала големо влијание врз нејзиниот сексуален живот. Имено, со улогата на популарната мајка на Стифлер, таа го привлекла вниманието на многу љубовници, односно многу „сексуална акција“.
„Тој филм со себе донесе многу придобивки. Да не глумев во него, ќе спиев со околу 200. луѓе помалку”, признала актерката.
Благодарение на American Pie, Џенифер Кулиџ беше сон на секој американски тинејџер во раните 2000-ти, па и понатаму. Покрај неа, во актерската екипа се и Џејсон Бигс, Шенон Елизабет и Крис Клајн, а филмот заработи повеќе од 235. милиони долари во кината ширум светот.


Покрај „Американска пита“, Кулиџ имаше забележителна улога во комедијата „Руссокосата од Харвард“ (2001 година), каде што ја играше Полет Бонафонте, сопственичка на салон за убавина.
Од минатата година на HBO се емитува „Белиот лотос“, комбинација од комедија и драма, во која Кулиџ ја игра ексцентричната Тања МекКвејд. Таа улога и донесе номинација за Еми. Таа во едно интервју рекла дека за малку ќе ја одбиела улогата во серијата бидејќи не и се допаѓало како изгледала откако се здебелила за време на пандемијата.


„Најтажната работа во животот е што не одлучуваш за себе. Ако не добијам одлични улоги, тогаш заклучувам дека луѓето мислат дека не сум способна за нив. А тогаш и јас одлучувам дека не сум способна за нив“, рекла таа, заблагодарувајќи му се на Мајк Вајт, режисерот на серијата, што ја убедил дека може да ја игра улогата во „Белиот лотос“.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …