(ВИДЕО) Лудило за двајца: Лејди Гага ги потврдила гласините

Лејди Гага го потврди она што долго време се шпекулира. Имено, таа ќе се приклучи на екипата на филмот „Џокер 2“ и ќе го дели кадарот со Хоакин Феникс.
Продолжението на оскаровецот психолошки трилер „Џокер“ ќе се појави во кината ширум светот на 4. октомври 2024. година, соопшти портпаролот на филмската компанија „Ворнер Брос“.
Хоакин Феникс (47) повторно ќе ја игра главната улога во продолжението на „Џокер: Лудилото на двајца“, кој ќе го режира Тод Филипс. Феникс доби Оскар за најдобар актер во 2019. година за улогата на Џокер.
Магазинот Variety сепак објави дека новиот филм ќе биде мјузикл, а гласините дека Лејди Гага ќе се појави во продолжението како Харли Квин ги потврди и самата пејачка на својот Твитер профил објавувајќи краток тизер од филмот.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …