Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ и најпознатиот Тиктокер Хаби Ламе веќе извесно време соработуваат на социјалните мрежи, а вчера напаѓачот на Милан објави ново видео од едно нивно дружење.
Во видеото кое брзо наиде на голем број реакции, најпрво се појавува Ламе испровоциран од возач во друг автомобил.
Сега веќе познатиот Италијанец го повикал на помош својот пријател Ибрахимовиќ, па на провокаторот на ова смешно видео не му останало ништо друго освен да побегне.
„Не се плеткајте со нас“, напишал Ибрахимовиќ покрај објавеното видео, означувајќи го Ламе.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Хаби неодамна го симна од тронот ТикТокерот Чарли Д’Амелио како најследена личност на платформата за споделување на социјалните видеа.
Тој се прослави за кратко време, кога снимаше видеа за TikTok без да се каже ниту еден збор, што ги насмеа многу следбеници со снимањето на неговите реакции на чудните и бескорисни трикови на другите корисници на TikTok.
Од друга страна, 40-годишниот Ибрахимовиќ се опоравува од повреда, поради што не е во составот на Милан на летните подготовки.
Фото: Принтскрин/Instagram