(ФОТО) Девојче е родено со редок вроден белег, па нејзината мајка му покажува на светот колку е убава

НИКОЛ Лукас Хол е мајка на две деца, синот Ашер и ќерката Винри. Таа води прилично обичен живот, но има посебна мисија – сака да ја прослави уникатната убавина на својата ќерка, која е родена со редок роден белег кој покрива четвртина од нејзиното лице.
Родителите на ова 13-месечно девојче на почетокот биле многу загрижени. Никогаш не виделе таква бенка и се плашеле дека е нешто опасно. Лекарите ги ублажиле нивните стравови, објаснувајќи им дека се работи за ретка состојба наречена вродени меланоцитни неви, која погодува едно од 50.000 новороденчиња.

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Lucas Hall (@nicolelucashall)


Иако критиките и непријатните погледи се секојдневие на ова семејство, Никол решила да ја подигне свеста кај луѓето. Таа вели дека сите негативни коментари со кои наишла нејзината ќерка се направени од незнаење или чиста злоба.
„Мојата цел е да ја едуцирам јавноста за оваа состојба, но и да ги поттикнам родителите да ги научат своите деца да ги слават разликите и позитивните аспекти од себе“, вели мајката.



Никол и нејзиниот сопруг ги воспитуваат Винри и нејзиниот брат да веруваат во себе. Се грижат дали другите ќе ги осудуваат, но љубезноста им е главен приоритет во животот. Винри е поттикната да биде воин и и’ кажуваат колку е убава секој ден. Винри е првата личност во нивното семејство што има ваков вроден знак. Тоа е ретко и поради тоа го прави нејзиното девојче уникатно.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како најпровокативниот фустан го носи Емили Рајтаковски, а како поранешната мисица?

Фустанот со отворен грб е хит за топлите летни денови, а воедно изгледа елегантно и …