ПРОЦЕС НА СЛАБЕЕЊЕ – Оваа храна ја има во секој фрижидер, а со неа можете да изгубите двојно повеќе маснотии

Јогуртот со малку маснотии е популарен меѓу луѓето кои се обидуваат да ослабат поради неговата хранлива вредност.
Често е богат со протеини, калциум, витамини и пробиотици. Некои биле скептични за консумирање млечни производи додека држат диета, но една студија покажалаа дека јогуртот може да помогне во согорувањето на салото на стомакот.
Во експериментот кој траел 12. недели, 34 дебели луѓе биле подложени на нискокалорична диета. На 16. од нив им биле дадени таблети со 400. до 500. милиграми калциум дневно, додека останатите 18. лица јаделе јогурт и на тој начин внесувале до 1.100 милиграми калциум дневно.
„Сите учесници изгубија многу телесни масти, но групата со јогурт изгуби 4,5 килограми стомачни масти, наспроти другата група која изгуби 2,7 килограми сало од стомакот“, вели научникот Мајкл Земел од Универзитетот во Тенеси. кое го спровело проучувањето.

This image has an empty alt attribute; its file name is jogurt.jpg


Покрај тоа, учесниците во првата група изгубиле само 0,6 сантиметри во половината, додека оние кои консумирале јогурт изгубиле 3,8 сантиметри.

„Јогуртот им помогна да изгубат повеќе килограми. Просечното слабеење беше 5,8 килограми“, коментира Земел, кој верува дека додавањето три јогурти дневно во диета со намалени калории може значително да го зголеми губењето на маснотиите.


This image has an empty alt attribute; its file name is naucna-studija-za-rak-na-pluca-jogurt.jpg
„Кога ги ставаме луѓето на диета која вклучува три порции јогурт на ден, можеме речиси да ја удвоиме количината на изгубени масти во споредба со луѓето кои се на диета со малку млечни производи. Таа диета ќе биде двојно поефикасна во одржувањето на мускулната маса, што е многу важно кога сте на диета. Сакате да изгубите маснотии, а не мускули“, рекол тој.
Јогуртот со малку маснотии обично содржи помеѓу 100. и 200. калории по порција. Грчкиот јогурт со малку маснотии содржи двојно повеќе заситувачки протеини од традиционалниот јогурт. Ова значи дека ќе ви помогне да се чувствувате посити подолго време и да го контролирате вашиот апетит.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Јадете се’, а килограмите паѓаат: Нутриционистка ја открила тајната на слабеењето

НУТРИЦИОНИСТКАТА Лин Вард промовира одржливо губење на тежината. Таа се залага луѓето кои сакаат да …