(ВИДЕО) СТРАВА И УЖАС! АЈКУЛА НАПАДНАЛА МОМЧЕ (13): Почувствувал удар во ногата, кога се свртел, ЅВЕРОТ ГО ГРАБНАЛ ЗА ЛИЦЕ

Фишер ја зграпчил ајкулата за лицето и ја одвлекол од себе пред да доплива колку што може побрзо до чамецот.
Фишер Хрико (13) бил на експедиција за риболов на јастози во Флорида со своето семејство кога наишол на вилиците на ајкулата.
„Кога почнав да пливам надвор, го држев јастогот во раката, почувствував мал удар на ногата, погледнав зад мене, а ајкулата беше пред мојот нос“, изјавил Фишер во интервју за Fox 35.
Ајкулата потоа му го зграпчила лицето.
„Беше страшно, се обидов да побегнам, но сè се случуваше толку брзо“, изјавил Фишер за Orlando News 6.
Фишер ја зграпчил ајкулата за лицето и ја оттргнал од себе пред да доплива колку што може побрзо до чамецот.
Скокнал викајќи: „Мамо, мамо, ајкула! Тргни ме одовде! Тргни ме од водата!“, рекла мајката Ријанон Хрико.
„Искрено, тоа беа најстрашните пет минути во мојот живот. Само што го слушнав тој ужас во гласот на моето дете, тоа е нешто што навистина не можам да го извлечам од мојата глава“, рекла таа.

This image has an empty alt attribute; its file name is dete-napadnato-od-ajkula-1.jpg

loading...

Семејството на момчето го транспортирало назад до брегот и го однело во болница каде добило 10. конци во горната усна.
Иако ајкулата оставила свој белег, но таа не ја уништила љубовта на Фишер кон океанот.
Чувствувам дека ќе бидам малку исплашен првите неколку пати, но ќе влезам во вода, изјавило бестрашното момче.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …