(ВИДЕО) НЕОБИЧНИ МЕТОДИ – Ѓоковиќ на тренинг туркал скап автомобил тежок 1,5 тон, мештаните со воодушевување го гледале!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Црна Гора каде напорно тренира и покрај неизвесниот настап на УС Опен, а вниманието го привлекол со видеото на кое се гледа како на тренинзите турка автомобил.
Станува збор за Porsche u911 GT3 кој тежи повеќе од 1,5 тони, а неговата цена започнува од 170.000 евра, а се од страна гледале локалните жители кои биле импресионирани од виденото.

View this post on Instagram

A post shared by Sportmaniak (@sportmaniak__)


Според сегашните правила, невакцинирани странци не можат да влезат во Соединетите Американски Држави, а како што Ѓоковиќ повеќепати потврди дека не е вакциниран и дека нема намера тоа да го прави под принуда, односно како услов за настап на турнирот, јасно е зошто неговиот настап на УС Опен под голем знак прашалник.
УС Опен започнува на 29. август, а потсетуваме дека Ѓоковиќ неодамна го освои Вимблдон и со тоа стигна до 21. Грен слем титула во кариерата.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само …