Актерката која привлекува внимание каде и да се појави, знае на вистински начин да ја рекламира својата модна линија на костими за капење.
Елизабет Харли (57) неодамна ја воодушеви публиката со кратко видео на кое скока во ситно сино бикини со златни детали и гордо ги покажува своите атрибути.
Очекувано следеа бројни комплименти. „Божица во сино“, „Каков оган“, „Убава“, и напишале.
Актерката во една прилика истакнала дека позира само во бикини за да ги рекламира, а смета дека е „веќе престара за да парадира во бикини на јавна плажа“. Покрај тоа, таа изјавила дека „искрено се надева дека нема да го прави ова кога ќе влезе во седмата деценија“, а во секој случај, повеќето ќе се согласат дека нема причина за тоа – актерката изгледа спектакуларно и нема причина да се крие!
View this post on Instagram
Да потсетиме дека методите што ги користи Елизабет за одржување на телото и духот се многу едноставни. Имено, атрактивната бринета не може да замисли оброци без свежо овошје и зеленчук: „Половина од секој оброк мора да се состои од овошје или зеленчук. На пример, ако имам сендвич за појадок, дефинитивно ќе јадам јаболко, не јадам слатки, ретко пијам алкохолни пијалоци, а потоа во помали количини и одамна немам јадено преработена храна“, објасни таа.
Фото: Принтскрин/Instagram