(ФОТО) Левандовски на сите во Баерн им подарил ист подарок на збогувањето

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ последните два дена ги поминал во Минхен каде се простил од поранешните соиграчи и од вработените во Баерн. 33-годишниот полски напаѓач кариерата ја продолжува во Барселона.
Левандовски не дошол со празни раце да се поздрави со соиграчите во Минхен. Сите во клубот од него го добија шампањот „Armand de Brignac“, чие шише чини околу 300 евра, а покрај тоа, сите го добија неговиот потпис со фотографии направени во изминатите осум години, кои ги помина во најголемиот германски клуб.

View this post on Instagram

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)


„Беше тажно, но сега можам да продолжам со чисто срце. Секогаш ќе бидам благодарен за она што го стекнав и доживеав овде. Им се заблагодарив на сите за она што го направија за мене и им дадов подароци. Тоа беше емотивен и тежок момент за мене“, изјавил Левандовски.


View this post on Instagram

A post shared by FC Bayern (@fcbayern)


На разделбата тој се смирил со спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ. Постигнат е договор повеќе да не се прозиваат преку медиумите. Претходните денови Салихамиџиќ јавно кажа дека однесувањето на Левандовски е дно откако Полјакот побара трансфер. „Се е во ред. Разговарав со сите и им се заблагодарив за се“, изјавил Левандовски за разговорот со Салихамиџиќ.


Фото: Bayern

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – Хрватите денеска го играат вториот натпревар во Катар, а на програмата е и дербито меѓу Шпанија и Германија

Светското првенство во Катар денеска продолжува со четири нови натпревари од второто коло, а најинтересен …