Истражувачки тим од Универзитетот Риверсајд во Калифорнија верува дека откриле лек за ќелавост. Имено, тие објавија дека кога ќе се спречи акумулацијата на TGF-протеинот, хемикалија која го поттикнува растот која нормално се лачи од многу клетки низ телото, вклучувајќи ги и белите крвни зрнца, може да се спречи ќелавост и кога со овој протеин се манипулира на таков начин ако се најде одредена точна доза, можно е да се стимулира растот на косата на места каде што косата паднала. Тоа е спас за милиони кои се соочуваат со губење на косата.
„ТГФ-бета има две спротивставени улоги. Помага да се активираат некои клетки на фоликулите на косата за да се произведе нов живот, а подоцна помага да се оркестрира апоптозата, процесот на клеточна смрт“, објаснуваат научниците од Универзитетот во Калифорнија. Д-р Кикуан Ванг, биологот кој ја водел работата, рекол дека истражувањето ги доближило научниците чекор поблиску до контролата на механизмите кои предизвикуваат ќелавост и го отворил патот за изнаоѓање начини за запирање на губењето на косата поврзано со стареењето.
Моделирањето на тимот открило дека високите концентрации на TGF-бета, природно пронајдени во фоликулите, може да бидат токсични. Така, ќелавоста може да биде предизвикана од високи концентрации на TGF-бета во фоликулите на косата, што доведува до нивна смрт, а од друга страна, кога фоликулите ќе го достигнат идеалното ниво на протеини, се создаваат нови влакна, објавил тимот на научници. Инаку, клетките во фоликулите на косата периодично умираат, што предизвикува губење на косата, а овој процес се случува околу сто пати на ден.
„Секоја клетка содржи и матични клетки, кои можат да генерираат нови клетки кои формираат коса за да се осигура дека изгубената нишка повторно расте. Меѓутоа, во случај на ќелавост, овој процес е исклучен. Кога преживеаните клетки ќе добијат сигнал за регенерација, тие се делат, создаваат нова клетка и се развиваат во нов фоликул“, рекол Ванг.
Во истражувањето, научниците користеле збирки на податоци врз основа на тестови спроведени на површината на кожата кои ја откриле концентрацијата на различни хемикалии.
Кој е погоден од ќелавост
Ќелавоста може да ги погоди и мажите и жените и често е наследна. Може да биде предизвикана и од тоа што телото почнува да ги напаѓа сопствените фоликули на косата, во состојба позната како алопеција ареата, што доведува до губење на косата за неколку недели. Стресот и носењето екстензии исто така може да доведат до опаѓање на косата.
Постои разлика помеѓу алопеција и губење на косата поврзано со возраста. Алопеција ареата е предизвикана од нападот на имунолошкиот систем на фоликулите на косата. Фоликулите ја држат косата на место, па кога ќе се оштетат, косата почнува да опаѓа. Обично предизвикува кружни или овални дамки на ќелавост. Болеста може да се појави во секое време од животот и е непредвидлива, а експертите сè уште не се сигурни што ја предизвикува во генетскиот состав.
Од друга страна, губењето на косата поврзано со возраста е предизвикано од наследни фактори. Гените наследени од кој било родител предизвикуваат фоликулите да се намалуваат со текот на времето и на крајот косата престанува да расте.
Состојбата може да започне во тинејџерските години, но е почеста подоцна во животот. Тоа не е предизвикано од имунолошки одговор и затоа не е под влијание на лекови насочени кон потиснување на одбранбениот систем на телото.
Предвремени заклучоци
Д-р Ентони Оро, дерматолог од Медицинскиот центар на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, разгледувајќи ја студијата, рекол дека заклучоците за улогата на TGF-бета сè уште се предвремени.
„Студијата ги користи постоечките податоци главно за растот на влакната на глувчето, а знаеме дека регулирањето на растот на косата кај глувчето и кај човекот е сосема поинакво. Второ, студијата користела нормален раст на косата, а не ќелавост кај мажите, така што заклучоците од еден не мора да важат на другиот. Конечно, студијата не потврдува ниту еден од нејзините наоди кај пациентите, така што заклучоците за улогата на TGF-бета кај ќелавоста се предвремени“, вели д-р Оро.
