Експерт открива: Паровите кои остануваат најдолго заедно ја прават оваа работа

Ако можете да го направите ова заедно, вашата врска ќе трае
Како што нема двајца исти луѓе, ниту две врски не се исти, сите се различни и посебни на свој начин. Сепак, постои едно нешто што е заедничко за паровите кои остануваат заедно подолго од другите.
Марк Менсон, автор на „The Subtle Art of Not Giving a F**k“ тврди дека тајната за долга и среќна врска лежи во способноста на парот да им биде здодевно заедно.
– Најискрено верувам дека на паровите треба да им биде што е можно подосадно. Можеби звучи навистина чудно, но ако ги погледнете навистина среќните постари парови кои се заедно 60. години, тоа не е затоа што земале приватни авиони или отишле на неверојатни патувања. Тоа е затоа што можеле да се досадуваат заедно – вели Менсон.

This image has an empty alt attribute; its file name is ljubov-za-cel-zivot-1.jpg


Ако таквите парови можеа да поминуваат години и години заедно, да седат дома, да разговараат за истите досадни работи, да гледаат телевизија – тогаш тоа е добро.
– Важно е луѓето да разберат што сакам да кажам, особено денес, бидејќи многу луѓе не сакаат да им биде досадно. Сите сакаме интересни животи. Но, во многу случаи ова не е добро за романтична врска – тврди Менсон.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како најпровокативниот фустан го носи Емили Рајтаковски, а како поранешната мисица?

Фустанот со отворен грб е хит за топлите летни денови, а воедно изгледа елегантно и …