(ВИДЕО) Како Вие би реагирале? Жена се изненадила кога го видела на прозорец кога се разбудила!

Жена на социјалната мрежа Инстаграм споделила видео кое брзо станало вирално…
Наутро кога ќе се разбудиме, обично првото добро утро го добиваме од саканата личност или саканите, односно ако сте во хотел, од персоналот, но оваа жена доживеала нешто неверојатно.
Сакаши одмарала во хотел во Тајланд, а додека спиела, на прозорецот и се појавил слон кој ѕиркал низ прозорецот од нејзината соба, а потоа почувствувала дека почнал да ја „грицка“ со својата сурла.

View this post on Instagram

A post shared by Sakshi Jain (@saakshijaain)


Оваа жена била многу пријатно изненадена од сцената што ја видела на својот прозорец, а тоа го покажува и описот што го објавила заедно со видеото на Инстаграм.
– Ова одморалиште во Чианг Маи, Тајланд има слонови да ве будат наместо персоналот на рецепцијата или вашите будилници. Уште подобро, можете да одите, да јадете, да се капете и да си играте со нив одблизу. Ова искуство беше нешто поинакво.


View this post on Instagram

A post shared by Sakshi Jain (@saakshijaain)


Затоа, следниот пат кога ќе планирате да одите на Тајланд, не заборавајте во вашето патување да го вклучите и градот Чианг Маи, кој е опкружен со планини, реки и слонови.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

4-те НАЈСТРАШНИ ПРОРОШТВА НА СТИВЕН ХОКИНГ: На луѓето не им е сеедно кога ќе ги прочитаат бидејќи веќе почнале да се остваруваат

Постои и петто пророштво на Стивен Хокинг, но овој научник верувал дека тоа никогаш нема …