(ВИДЕО) Во дневникот на својот син прочитала нешто СТРАШНО и го ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Цел свет говори за оваа мајка!

Приказната за оваа жена потресе многумина, но и ги натера длабоко да се запрашаат…
За многумина звучи лудо и незамисливо мајката да го пријави својот син во полиција. Сепак, оваа жена немала избор.
Никол Шуберт ја чистела куќата тој ден во 2019. година, кога наишла на дневникот на нејзиниот 17-годишен син. Во него пишувало дека планира да ја убие мајка си, а потоа дека истото ќе им го направи и на учениците од гимназијата во Вашингтон во која одел.
„Едноставно беше срцепарателно. Не сакав да читам понатаму“, низ солзи рекла Никол.
Во тој момент донела тешка одлука – го пријавила во полиција својот се уште малолетен син. Тоа го направила бидејќи, како што вели, не сакала другите деца да ги загубат животите.
„Тоа е мое дете, јас го родив. Многу боли. Сè уште боли“, рекла таа низ солзи, а потоа додала: „Во тој момент не стануваше збор само за него и за мене. Се работеше за целото училиште – стотици луѓе, стотици деца“.
Без да крие дека одлуката ја донела со тешко срце, верува дека постапила правилно.
„Верувам дека спасив животи. Ако постои можност да се спаси макар и еден – еден човек, едно дете – мислам дека вреди“, вели оваа храбра мајка.
Нејзиниот син бил уапсен и се изјаснил за виновен за кривичното дело закана со бомба. Тој бил подложен на ментална проценка, и завршил во програма за рехабилитација и општествено корисна работа.
Таа ги предупредила другите родители да не ги игнорираат знаците ако нивното дете се однесува чудно и невообичаено.
„Очигледно е дека не можеме постојано да ги контролираме постапките на нашите деца. Кој може? Но, постојат знаци дека нешто не е во ред – зошто се однесува чудно? Зошто? Зошто е таков?“
Целата приказна можете да ја погледнете во видеото:


Фото: Принтскрин/YouTube/ABC7

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …