(ВИДЕО+ФОТО) ТОЈ ЛУД СВЕТ – ОВА Е СЕМЕЈСТВО СО НАЈМНОГУ ИНЦЕСТИ НА СВЕТОТ: 38. членови живееле заедно во НЕХУМАНИ УСЛОВИ, некои се родени со ДЕФОРМИРАНИ лица!

Најинцесоидното семејство во светот потекнува од Австралија, а тоа е изопачен, чуден клан, чиј водач и основач е Тим Колт, кој емигрирал од Нов Зеланд во 70-тите години на минатиот век. Семејството вклучува четири генерации на инцест и најмалку 14. деца чии родители се поврзани по крв.
Тим Колт, кој починал во 2009. година, имал еден вид камп во предградието на Нов Јужен Велс, Австралија, каде ги силувал своите ќерки, кои потоа ги родиле неговите деца, пренел The Sun.
Истражувањето, врз основа на податоците објавени од Детскиот суд на Австралија, открива дека Тим и неговата сопруга Џун имале седум деца – пет девојчиња и две момчиња. Тој починал во 2009 година, но покрај со Џин имал деца и со ќерките Бети и Ронда.

This image has an empty alt attribute; its file name is semejstvo-so-najmnogu-incesti-1.jpg


Триесет и осум членови на семејството Колт биле принудени да живеат во екстремна беда и болна атмосфера на инцест, педофилија и запоставување, а оваа приказна го згрозила целиот свет кога била откриена во 2013. година. Истата година, целото семејство добило псевдоними по налог на суд, вклучувајќи го и презимето Колт, во обид да го сокријат својот идентитет.
ДНК-тестирањето покажало дека 11. деца се родени од односи на блиски роднини. Во кампот живееле и десет полнолетни членови на семејствата од втората и третата генерација, па не биле обврзани да направат ДНК-тестирање, а не се знае конечниот број на деца кои се родени како последица на инцест.
На еден од судските процеси, Родерик Колт, син на Тим Колт, бил прогласен за виновен за силување на неговата внука Петра, која била и негова полусестра. Имено, Петра била биолошко дете на неговиот татко Тим и неговата сестра Бети, а Родерик не бил единствениот кој го злоставувал. Нејзиниот вујко Френк го направил истото во 2010. година за време на посетата на семејната фарма, кој минатата година конечно бил осуден за овој напад.

This image has an empty alt attribute; its file name is semejstvo-so-najmnogu-incesti-2.jpg


Петра во 2013 година ѝ рекла на полицијата дека никогаш не одела на училиште, дека живее во култ и дека сите нејзини тетки, чичковци и братучеди спиеле заедно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Привлечноста помеѓу овие знаци е нереална: Тие остануваат заедно додека смртта не ги раздели

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …