(ВИДЕО) Седумгодишно дете е прогласено за херој откако спасил тригодишник од давење

Седумгодишниот Масија Браун од Сакраменто, Калифорнија пливал во базен кога видел мало момче на дното на базенот.
Свесен дека тоа е невообичаено, Масија веднаш се нурнал за да го спаси.
„Само си играв во базенот, а потоа видов момче на дното на базенот“, изјавил тој за „Добро утро Америка“. „И отидов да го земам“. Според мајката на Масија, Тиара Делвале, тој се втурнал во базенот длабок два метри за да го спаси тригодишното дете, за кое таа рекла дека имало отворена уста и очи.
Храброто момче успеало да го извлече детето на површината на базенот, каде деветгодишниот братучед по име Савана, со кој си играл во базенот, го извлекол и ги алармирал возрасните кои се јавиле на 911 и почнале со CPR. „Савана го донесе кај мајка му и тогаш почнаа со CPR на момчето, а потоа го повикаа докторот“, рекла Масија. Портпаролот на противпожарната служба на Сакраменто потврдил за ABC News дека 3-годишното дете дишело кога пристигнале 911.

loading...

Делвале спасувањето го нарекла чудо, додавајќи дека е во контакт со мајката на момчето, кое наводно е добро. Таткото на Масија, олимпискиот боксер Маркус Браун, изјавил дека е шокиран од тоа за што е способен неговиот син, иако знаел дека плива како риба и дека е исклучително емпатичен.
„Неверојатно е да има 7. години и да прави такви работи“, рекол тој. „Многу сум му благодарен што беше доволно храбар да направи нешто толку херојско“, додал Браун.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ – Гледачите згрозени од новиот филм за Мерлин Монро: „Ова е сурово, не го гледајте!“

Филмот „Blonde“, измислена приказна за легендарната актерка Мерлин Монро, кој неодамна беше објавен на Нетфликс, …