(ВИДЕО+ФОТО) Драма на снимањето на „Тринаесет животи“ – Колин Фарел: „Беше страшно“, Виго Мортенсен имал напад на паника

Изгледа никој не се забавувал на снимањето на „Thirteen Lives“.
„Со еден збор, беше застрашувачко. Страшно“, изјавил 46-годишниот ирски актер Колин Фарел за Entertainment Tonight на премиерата на филмот додека го опишувал искуството.

This image has an empty alt attribute; its file name is kolin-farel.jpg
Филмот на режисерот Рон Хауард зборува за вистинското спасување на десетина момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа заробени во поплавената пештера Там Лујанг во Тајланд во 2018. година.

loading...


Фарел признал дека се чувствувал особено исплашен додека ги снимал подводните сцени.
„Беше страшно. И онака не сум добар пливач, не дека пливавме, не дека газевме вода, моравме да останеме на површина, но тие изградија навистина импресивна мрежа од пештери“, споделила ѕвездата на „Бетмен“.



„Се работеше за четири или пет различни пештери врз основа на топографијата на Там Лујанг во Тајланд, и тие ги наполнија со вода и ние ќе слезевме и не можевме да се вратиме“, вели тој.
Фарел, кој го глуми спасувачкиот нуркач Џон Волантен, додал дека неможноста да се види површината на водата е страшно.
Сепак, актерот објаснил дека сите подводни сцени не ги подобриле неговите „вештини за вода“, додавајќи дека да се биде нуркач за спасување е „многу посебна вештина“.
Фарел не бил единствената ѕвезда на снимањето што се борел со интензивни сцени.


Неговиот колега Виго Мортенсен, кој го игра реалниот херој Ричард Стентон, изјавил дека и него во еден момент го фатила паника за време на снимањето.
„Одеднаш не можев да дишам“, рекла филмската ѕвезда за People.


„Се чинеше дека тоа трае долго време, но тоа беа само неколку секунди. Ме фати паника“, истакнал тој.
Иако можел да се сети на неговиот тренинг, Мортенсен признал дека „не беше толку комплицирано, но беше тешко да се размислува јасно во тоа време“.
Филмот, во кој глумат и Џоел Еџертон, Том Бејтман и Пол Глисон, сега е во кината и ќе биде прикажан на Amazon Prime Video на 5 август.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Клои Кардашијан „се заиграла“ во фотошоп: Пред нејзините облини се искривиле ѕидот и огледалото

На профилот на Клои Кардашијан повторно се појави фотографија со промашување на Фотошоп, што предизвикало …