Ева Лонгорија (47) стана светски позната со улогата на Габиела Солис во познатата серија „Очајни домаќинки“, која се прикажуваше од 2004. до 2012. година. Оттогаш, секој нејзин чекор е внимателно следен.
Актерката моментално ужива во својот годишен одмор, а на својот Инстаграм профил често споделува атрактивни фотографии од плажа. Таа неодамна позираше во жолти бикини и заработи бројни комплименти од следбениците. Никој не би помислил дека таа се борела со вишокот килограми и дека била мета на критики.
View this post on Instagram
Да потсетиме дека Ева се породи во 2018. година, а како што кажа претходно, во бременоста се здебелила 20. килограми. Меѓутоа, со помош на исхрана и необична физичка активност, таа го вратила своето тело во претходната форма.
View this post on Instagram
Станува збор за скокање на трамболина, кое таа го практикува по еден час дневно: „Многу е забавно! И добро е за моите колена затоа што сум стара. Трчав, но не можам повеќе. Трамбулината е многу добро, одлично е за моето тело. Погледнете што ми направи“, изјавила таа за медиумите.
View this post on Instagram
Таа ги исфрлила шеќерот и тестенините од исхраната, а нејзините оброци се состојат од органско овошје и зеленчук. Најчесто за појадок јаде белки со овошје, а за вечера мисирка на пареа или риба со многу зеленчук. За ужина јаде свежа краставица исрскана со сок од лимон, јаболка, урда или путер од кикирики. Наместо слатки, таа јаде јатки со јогурт.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram