(ФОТО) И’ ПОКРАЈ ГЛАСИНИТЕ ЗА РАЗВОД Бурак Озчивит и Фахрије Евџен го очекуваат своето второ дете!

Среќна вест од еден од најсреќните парови во Турција!
Турскиот шармер, Бурак Озчивит, и неговата сопруга, актерката Фахрије Евџен, го очекуваат своето второ дете. Убавата вест одекна во турските медиуми минатиот месец, откако во јавноста беше изнесена веста дека Фахрије е веќе во вториот месец од бременоста. На почетокот, турските ѕвезди не ја потврдија оваа вест откако таа беше објавена на Твитер.

This image has an empty alt attribute; its file name is bali-beg.jpg


Поминаа пет години откако среќниот актерски пар стапна на лудиот камен. Тие се запознаа на еден заеднички проект во 2013-та година, а нивното пријателство за многу кратко време прерасна во голема љубов која ја крунисаа со свадба во 2017-та. Своето време, без разлика на нивните професионални обврски, најмногу го поминуваат со својот прв син, Каран, кој се роди во 2019-та година.
По убава вест за нивното второ заедничко дете, Бурак и Фахрије долго време не изјавија ништо во јавноста, се додека пред една недела група репортери не ги пресретна откако излегуваа од гинеколошката ординација во Бодрум. Тие конечно прозбореа и, на голема радост на нивните фанови, ја потврдија радосната вест.

This image has an empty alt attribute; its file name is bali-beg-2.jpg


„Туку што дознавме и сме неверојатно возбудени. Пресреќни сме! Сеуште не сме имале можност да му соопштиме на Каран.“, рече Бурак при влегување во својот автомобил. „Дали е момче или девојче не е воопшто важно. И јас и Фахрије сме веќе навикнати на непроспиени ноќи. Добро се испраксиравме со Каран.“, додаде тој.
Славниот пар Озчивит-Евџен веќе го започна одбројувањето до раѓањето на нивното второ дете. Евџен е во 9-тата недела од бременоста.

На нашата публика Бурак и добро познат уште од 2010-тата, но моментално е актуелен во улогата на Кемал во легендарната „Карасевда“.
Во неа, Кемал е роден во семејство од средна класа и студира рударско инженерство. Тој се заљубува во Нихан, девојка од богато семејство. Класната разлика меѓу нив ја прави нивната љубов невозможна, но тие сепак се борат да останат заедно, се до денот кога Кемал ќе замине од Истанбул не знаејќи дека Нихан ќе биде принудена да се омажи за Емир Козчуоглу. По пет години, Кемал е на моќна позиција во компанијата на Емир и одлучува да се врати во Истанбул за да се соочи со своето минато.

This image has an empty alt attribute; its file name is burak-vo-nova-serija.jpg

Топла и тажна приказна за една силна љубов, незапирлива надеж и неисполнети соништа. „Карасевда“ можете да ја гледате секој работен ден во 21:35 на каналот Dizi.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само …