(ВИДЕО) СТРАШНИ СЦЕНИ ВО АРГЕНТИНА – Фудбалер брутално ја нападна главната судијка на натпреварот, таа завршила во болница

На натпреварот од регионалното натпреварување во Аргентина помеѓу Гарменсе и Депортиво Индепенденсија, еден од фудбалерите брутално ја нападнал главната судијка на натпреварот Далма Магали Кортади.
Имено, инцидентот се случил во моментот кога судијката досудила прекршок, а потоа казнила двајца фудбалери, а потоа третиот притрчал зад неа и со тупаница во главата ја соборил на тревникот.
Срамниот потег бил дело на Кристијан Тироне, кој бил уапсен по натпреварот.


Во меѓувреме, помошниот судија втрчал во теренот и го запрел напаѓачот и можеби спречил катастрофа.
„Завршив да ме набљудуваат за гребнатини по телото и удар во главата. Ми направија и томографија за да видат дали имам повеќе повреди. Целата ситуација ми прави проблеми и на работа бидејќи ме спречува да работам нормално.Сега морам да бидам јака.Самата игра беше мирна до тој момент. Ништо не можеше да го оправда на таков чекор. Сега ќе видиме што ќе биде понатаму и какви правни чекори ќе преземеме. Правдата мора да биде задоволена. Родот не треба тука да е важен. Бараме правда и овој човек мора да плати за тоа што го направи, тоа е единствено важно“, се огласила Далма од болницата.
Инаку, откако била удрена судијката, неколку полицајци излегле на теренот и го фатиле Тироне, кој исто така се борел и против органите на редот.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ во финалето во Тел Авив

Новак Ѓоковиќ е во финалето на турнирот во Тел Авив. Србинот во полуфиналето го скрши …